Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите како препородени, ја забележаа четвртата последователна победа

Пионерите како препородени, ја забележаа четвртата последователна победа

Да играа вака во текот на целата сезона, сигурно сега ќе беа еден од претедентите за освојување на Шампионската титула. Избраниците на Ане Андоновски забележаа нова победа, против екипата на Дрита. Натпреварот се играше на теренот на Локомотива и заврши со резултат 2:1. Стрелец на двата погодоци беша Александар Трајчевски.

Во одлични временски прилики за игра, на теренот имаше надигрување од двете страни. Нашите надежи одлично го започнаа мечот и поведоа први со голот на Трајчевски. До крајот на првиот дел, гостите од Тетово успеаа да го израмнат резултат на 1:1, со кој се замина на одмор. Во второто полувреме следеше многу подобра игра на црвено-црните, создавајќи неколку шасни за погодок. Една од тие прилики ја искористи повторно Трајчевски за донесување на својата екипа во предност од 2:1, што беше и конечен резултат на овој дуел. Ова е четврти последователен триумф за оваа гнерација. Претодно беа забележани победи против екипите на Ренова, Милано и Турново. Во следното предпоследно коло, пионерите гостуваат во Чаир на екипата на Шкупи.