Со одличните резултати во последните две сезони, македонскиот шампион ќе има директно место во фазата по групи и натпреварите ќе ги почне во терминот од 16 до 18 октомври. Преостанатите пет натпревари од првата фаза по групи треба да завршат кон крајот на ноември по што ќе следува нешто пократка зимса пауза до главната групна фаза.
Лигата на шампионите во женска конкуренција уште во сезонава која заврши промовираше нов формат, по кој ќе се игра и во сезоната која претстои. Првата групна фаза е сочинета од четири групи со по четири екипи од кои по три продолжуваат во главната фаза по групи. Таму 12 екипи се поделени во две групи од по шест тима, кои ќе се борат за првите четири места, кои водат во четврт-финале.
Победниците од четврфиналето се пласираат на Ф4 турнирот, кој одново ќе се одржи во Будимпешта.Главната групна фаза е предвидена за јануари и февруари 2016 година, четвртфиналето ќе се игра во април, а Ф4 турнирот е на 7 и 8 мај.
Вардарки ги завршија обврските за оваа сезона и со двојна круна од домашните натпреварувања и трето место во ЛШ одат на заслужен одмор. Подготовките за следната сезона треба да почнат на крајот на месец јули.
ГРУПНА ФАЗА
16-18 октомври 2015
23-25 октомври 2015
30 окт.-1 ноем. 2015
6-8 ноември 2015
13-15 ноември 2015
20-22 ноември 2015
ГЛАВНА ФАЗА-2
8-10 јануари 2016
15-17 јануари 2016
5-7 февруари 2016
12-14 февруари 2016
19-21 февруари 2016
26-28 февруари 2016
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
1-3 април и 8-10 април 2016
Ф4 ТУРНИР
7-8 мај 2016
Фото+текст:жрквардар.мк