Пионерите на ФК Вардар за жал го завршија настапот на силниот меѓународен турнир „Кварнерска Ривијера“ кој го организира фудбалскиот клуб на Ријека од Хрватска.
Во последното трето коло од групната фаза иако ни беше потребен и само бод, нашите млади надежи беа високо поразени од екипата на Поморац од Хрватска. Противникот на овој дуел славеше убедливо со резултат 5:1. И по првото полувреме, тимот на Поморац беше во водство од 2:0. Единствениот гол за Вардар на овој дуел беше дело на Азер Омерагиќ.
Како првопласиран во нашата група заврши тимот на Ријека, кој после воведниот пораз од Вардар, успеа да победи на следните два меча и на тој начин со 6 бодови да ја осигура првата позиција на табелата. На второто место се најде Железничар, кој поради подобрата гол разлика од Вардар се пласираше во следната фаза, инаку и двете екипи завршија со по 4 бодови, додека последен е тимот на Поморац со 3 бодови.
Ние одлично го стартувавме турнирот, со победа и нерешен резултат, против екипите кои поминаа понатаму, но немавме сили за завршниот дуел од групата.