По само една сезона помината на голот на Вардар, младиот српски репрезентативец, Дејан Милосављев во новата сезона ќе го брани голот на Фуксе Берлин. Милосављев беше вистинско откритие оваа сезона во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на Партизан. Токму овој трансфер беше прогласен за број еден во Европа.
Среќни сме што успеавме да го донесеме еден од најталентираните млади голмани во Европа. Брани одлично уште на млади години, истакна тренерот на Берлин, Велимир Петковиќ.
Мојот сон беше еден ден да настапувам во Бундес-лигата, со овој трансфер, желбата ми се исполни, истакна популарниот „Банда“.