Sunday ,16 March 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2008 утре заминува на турнир во Бјелина
ФК Вардар генер. 2008 утре заминува на турнир во Бјелина

ФК Вардар генер. 2008 утре заминува на турнир во Бјелина

Генерацијата 2008 на ФК Вардар во периодот од 31.мај до 2.јуни ќе учествува на 12. издание на меѓународниот турнир во Бјелина, “Stopama Save Milosevica” 2019. На турнирот ќе се натпреваруваат и генерации родени 2006, 2007. 2009, 2010, 2011 и 2012 година, додека Вардар ќе се натпреварува само со генерацијата 2008 која е предводена од Влатко Колев. Вардарци од неодамна ја освоија и детската лига, додека претходно освоија и прво место на меѓународниот турнир „Тракиски Хотелиери“ во Бугарија.  Во продолжение од текстов ги имате групите на турнирот во Бјелина, во кои се распоредени екипите, додека вардарци се дел од групата Ф.

vardarfans-grupi