Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Има ли крај на лошите вести: „Случајот Максим Максимов“ ФК Вардар го загуби!
Има ли крај на лошите вести: „Случајот Максим Максимов“ ФК Вардар го загуби!

Има ли крај на лошите вести: „Случајот Максим Максимов“ ФК Вардар го загуби!

На проблемите на ФК Вардар им нема крај. Пристигнува уште една крајно лоша вест, овој пат од седиштето на ФИФА.

Имено, најтрофејниот македонски клуб Вардар нема да може да се засили со нови играчи во новата натпреварувачка сезона, а доби и плус  парична казна за „случајот Максим Максимов“. По оваа информација од ФИФА, литванскиот клуб Тракаи се пофали на својата веб – страница дека го добила спорот.

Значи на крајот, освен што не одигра ништо позначајно во дресот на Вардар, а беше претставен како огромно засилување, Максим Максимов ќе го чини Вардар и „тапкање во место” во најчувствителниот период за клубот во последните неколку години.

- Ова е уште еден голем показател дека во управата на ФК Вардар владее голем аматеризам. Несмее еден клуб каков што е ФК Вардар да си дозволи ваков пропуст и на ваков начин да добие казна.