Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Ристовски и Андов донесоа три бода за пионерите на ФК Вардар, во првото пролетно коло против Пелистер
Ристовски и Андов донесоа три бода за пионерите на ФК Вардар, во првото пролетно коло против Пелистер

Ристовски и Андов донесоа три бода за пионерите на ФК Вардар, во првото пролетно коло против Пелистер

Со триумф започна пролетниот дел од сезоната за пионерите на ФК Вардар, кои денес на теренот на Академијата славеа во дербито со екипата на Пелистер. Еден гол го реши победникот, кој заврши во противничката мрежа, а беше дело на Давид Ристовски.

Тренерот Ѓорѓиевски го стартуваше мечот во следниот состав: Андов, Зендели, Бојковски, Манасиевски (c), Рушити, Трајановски, Ристовски, Речица, Цури, Спировски, Ветон.

Пелистер ја имаше првата закана кон нашиот гол, кога биеа од слободен удар, но топката оди над голот на Вардар. Врати Ветон во нашите редови кока силно шутираше, но ударот завршува над голот. Се играше брз натпревар на двете страни и Вардар и Пелистер се обидуваа да го отворат резултатот на ова пионерско дерби. Во шанса се најде и Харбин Речица кој упатува ударот покрај голот на битолчани. Сепак гостинската екипа ја имаше најсериозната шанса да го отвори резултатот, кога при нафрлена топка од левата страна во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на Пелистер биеше, но Матеј Андов спречи негатива за Вардар.

1

Во следниот период кај црвено-црните се обиде Мартин Спировски и тоа во две ситуации, во кои голманот на Пелистер излезе како победник. Во првиот дел за одбележување е ударот на Пелистер, кој оди покрај нашиот гол. По првите 40 минути резултатот беше оној почетниот 0:0.

4

Две измени кај Вардар на стартот на второто полувеме, во игра влегоа Матеј Николов и Леонид Игнатов, кои внесоа свежина во играта. Прв обид во овој дел од мечот имаше Речица, но топката завршува во рацете на голманот. Вардарци беа подобрата екипа во второто полувреме, а нововлезениот Игнатов имаше удар од некаде 20 метри, кој голманот на Пелистер го брани со крајни сили и спречува отварање на резултатот. Моментот на одлука се случи, кога Давид Ристовски успева да погоди од слободен удар, кој повеќе беше скратен корнер. Никој од пртивничките играчи не реагираше на нафрлената топка од Ристовски, која заврши позади голманот на Пелистер, кој беше принуден да ја вади од својата мрежа. Ова значеше и предност на црвено-црните од 1:0 со голот на Ристовски.

2

Поради повреда теренот го напушти Мартин Спировски, а на негово место влезе Давид Астарџиев. Добра прилика имаше и Ветон кој бие покрај голот, а натпреварот можевме да го решиме предвреме, кога Игнатов се сам направи, се ослободи од тројца противнички играчи, но во крајниот удар бише само покрај голот на гостите од Битола. Пелистер можеше да казни, се играше последната минута кога тие добија шанса од прекин од околу 20 метри да го израмнат резултатот. Сепак нашиот репрезентативен голман, Матеј Андов не дозволи такво нешто и со парада успешно брани. Немаше повеќе време и главниот судија отсвири крај на натпреварот, за конечен резултат од 1:0.

3

Одлично започна пролетниот дел од сезоната за пионерите, што значеше и деби победа на официјален меч, за тренерот Петар Ѓорѓиевски.