Денес во Срц “Кале“ во Скопје се одиграа првите дуели од новото. 7.коло во ракометната вардарова Јуниор лига. Кај момците родени 2006 и 2007 година се одиграа два дуела во продолжение извештаи од нив.
Во првиот дуел во еден интересен натпревар тимот на РК Ангели Вардар го совлада тимот РК Урдаревски Вардар во натпревар на двете скопски екипи. Ангели Вардар победија со резултат 8-6 (4-4). На почетокот Ангели поведоа со 0-1, но со два псоледователни гола Урдаревски го презема водството и поведе со 2-1. Потоа на семафорот беше три пати нерешен резултат, 2-2, па 3-3 и на крајот 4-4, резултат со кој се замина на одмор на овој натпревар.
Вториот дел со серија 1-3 го започна тимот на Ангели Вардар, чии момци се оделпија на 5-7 што беше клучна за победа на овој дуел. До крајот следеше неефикасен период, двата тима постигнаа само по еден гол, Ангели дојдоа до бодови со резултат 8-6.
Во вториот дуел РК Бисинов од Велес победи против РК Опш.Кисела Вода Вардар со резултат 15-6 (11-2). Велешани отворија со 0-2 на стартот, потоа скопскиот тим намали на 1-2. До крајот тимот од Велес доминираше целосно, тие го однесоа дуелот на одмор со предност од девет гола, 11-2.
Вториот дел почна со два гола за Опш.Кисела Вода Вардар која намали на 11-4 по 2.минути игра во вториот период. Сепак голема беше предноста на момците од Велес, тие со рутинирана игра го приведоа овој дуел кон триумф. На крајот победија со 15-6, кај нив Пане Ристов имаше четири гола, а Аце Ристов постигна гол помалку, три.