Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар ја имаат најдобрата одбрана
Пионерите на Фк Вардар ја имаат најдобрата одбрана

Пионерите на Фк Вардар ја имаат најдобрата одбрана

Пионерите на Фк Вардар ( У 17) ја имаат најдобрата одбрана од сите Вардарови генерации кои играат во домашните натпреварувања. На вкупно седум мечеви, од кои шест првенствени и еден куп, оваа категорија има примено само еден погодок во својата мрежа. Тој примен гол ги чинеше и пораз кој беше и единствен неуспех за пионерите, во овој дел од натпреварувачката сезона. Во лигата имаат остварено пет победи и еден пораз. Во купот на Македонија, избраниците на Сашо Тодоровски се пласираа во 1/4 рунда, откако во 1/8 на гостински терен убедливо го поразија тимот на Академија Пандев ( 0:6).

Сите нивни резултати во досегашниот дел од сезоната 2015/2016

1 коло: Вардар – Работнички 1:0

2 коло: Победа – Вардар  0:4

3 коло: Вардар – Пелистер 4:0

4 коло: Еуромилк - Вардар 0:1

5 коло: Вардар – Шкендија 0:1

6 коло: Шкупи – Вардар 0:1

1/8 Куп на Македонија: А. Пандев – Вардар 0:6

Импресивни бројки и за оваа екипа, со кои ретко можат да се пофалат другите тимови во домашните натпреварувања. Очекуваме и во наредниот период само победи и добри игри за пионерите на Вардар.