Жрк Вардар јуниор со победа ја започна новата натпреварувчка сезона во супер лигата. Стартот беше убедлив, забележувајќи победа против екипата на Прилеп, со резултат 41:10. На противникот му дозволивме во второто полувреме да постигне само три голови. Последните десет минути од мечот, гостинките не го погодија голот на Нина Ладева, која го заврши мечот со 24 одбрани. Своите впечатоци од првиот меч и очекувањата за новата сезона, ги сподели Анита Трајчевска која на вчерашниот меч постигна два голови.
-Сметам дека нашиот прв одигран меч оваа сезона ја отсликува состојбата во клубот и напорните подготовки, кои ги работевме максимално ова лето на физички и тактички план со нашиот тренер Симе Симовски. Мечот против Прилеп го започнавме онака како шо посакувавме, максимално борбено до крај, без да го потцениме противникот. Со добрата игра во одбрана и головите преку контра-нападите, одлично ја отворивме сезоната со позитивен резултат.
Клубот влегува со големи абиции во новата сезона, да се нападне второто место во лигата и да се стигне подалеку во ЕХФ купот.
Очекувам оваа сезона секоја од нас да го покажа најдоброто од себе и да го надминеме успехот од минатата сезона. Во клубот владее максимална физичка и психичка подготвеност. Спремни сме за нови победи оваа сезона, како во домашната лига, така и на европска сцена, изјави Анита Трајчевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски