Нема одмор за нашите црвено – црни момци. Згуснатиот распоред продолжува, по вчерашната куп пресметка со Пелистер, нашите момци во недела ги очекува нов дуел овој пат од ПМФЛ, против кратовски Силекс.
На вчерашниот меч можевме да забележиме дека Седлоски го одмори речиси целиот прв тим, со неколку исклучоци како Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски и тн. Се разбира Вардар има голем ростер на играчи оваа сезона, па такво нешто секако дека треба да се прави, на вакви натпревари со второлигашки екипи.
Вардар е единствената екипа во Македонија која сеуште нема пораз, но и натаму не е прв на табелата.
Дуелите со Силекс по традиција лесно ги добиваме, па очекуваме и во недела да биде така.
Фото: fkvardar.mk