Вчера на Националната Арена Филип втори во рамки на 1/8 финалето од купот се сретнаа ФК Вардар и гостинот второлигашот од Битола тимот на ФК Пелистер. Вардарци максимално ја искористија предноста во квалитет и домашниот терен и остварија победа од 4:1, а на полувреме резултатот гласеше 3:0.
За црвено – црните на овој меч стрелаа : Дашјан во 20 минута, Велковски во 26 минута, Хамбарџумјан во 44 минута и капитенот Грнчаров во 64 минута. За зелено – белите единствениот гол кој беше навистина убав погодок од над 25 метра го постигна Неданоски во 58 минута од мечот кога го намали водството на Вардар на 3:1 . Овој меч го одиграа следниве играчи на Вардар: Гачевски, Љамчевски, Грнчаров, Новак, Хамбарџумјан /од 62 минута Брдаровски/, Велковски /од 72 минута Фелипе), Спировски /од 68 минута Николов/, П. Петковски, Дашјан, Асани, Стојков.
Видеото од оваа 1/8 финална пресметка во Купот на Македонија во фудбал ќе може да го погледнете – ТУКА
фото:фквардар.мк