Вардар може да кажеме дека е сигурен патник во 1/4 финалето на Купот на Македонија. Екипата од Битола не беше дораснат противник на црвено – црните момци. Победата од 4-1 (3-0) покажува колкава беше доминацијата на зелениот терен на избраниците на Гоце Седлоски. За жал ова дерби и од навивачки аспект беше “осакатено“ со недоаѓањето на гостинските навивачи заради опструкции од институциите. Комити во текот на целиот меч со песна ги бодреа вардарци.
Првиот дел почнаа со целосна иницијатива на на црвено – црните кој знаеа што сакат од овој дуел со битолскиот второлигаш. Вардар рано го отвори резултатот преку Артан Дашјан во 20 минута. Тој доби повратна топка на 16 метра и со левата нога силно по земја стрелаше во десниот долен агол на зелено – белите. Кратко траеше исчекувањето до зголемување на водството веќе во 25 минута по нафрлување од десната страна со атрактивен удар од непосредна близина со пета Дарко Велковски зголеми на 2-0. Во продолжение топката речиси во целото време беше во половината на Пелистер. Вардарци комбинираат безброј пати и ја плетат мрежата околу гостинскиот шеснаестерец, одбраната на Пелистер успешно се брани и во два наврата прави успешни офсајт замки. Зелено- белите се целосно инфериорни само спорадично ја пренесуваат топката во нашата половина . Комитската песна ечи на Арената Филип втори најверните цело време ги бодрат својте фудбалери. Во 44 минута вардарци притискаат неколку корнери едно подруго и од последниот се изродува гол за 3-0. По одличното нафрлување со глава на прва статива атрактивно реализира Хамбарџумјан. Ова е резултат на полувреме по само 50сетина секунди по голот е означен крајот на првиот дел.
Вториот дел почна со резервирана игра црвено – црните веќе по првите 45 минути имаат голема предност, мечот се игра претежно на средината на теренот. Домаќините се обидуваат со напади по крилните позиции да го зголемат водството, но без осебен успех. Еден прекрасен волеј на П.Петковски завршува над голот, прекрасна шанса која веќе во следната акција е казнета. Пелистер намалува на 3-1 со гол од над 25 метра силен удар во горниот дел од голот Гачевски немоќен ја проследи со поглед топката како завршува во неговата мрежа. Вардарци атакуваат на голот на Пелисер со цел да се врати предноста од 3 гола се редат шанси пред гостинскиот гол. Седлоски го повлекува првиот потег од клупата од игра излегува Хамбарџумјан, а на негово место во игра влегува Брдаровски. Нашите момци успеваат во 64 минута да постигнат четврти погодок. Корна од десната страна по карамбол во петерецот науспешно се снаоѓа Бобан Грнчаров кој од непосредна близина стрела за 4-1. Втора измена младиот Николов влегува на местото на Спировски. Вардарци рутинирано го приведува дуелот кон крај, ја држи топката на половината на Пелисетер и повремено се обидува да дојде и до пети гол. Извршена и последната измена во нашиот состав бразилецот Фелипе го зазема местото на Дарко Велковски. Во 91 минута нафрлување и удар со глава кон голот на Гачевски кој лесно прифаќа. Тоа беше последен обид за погодок на мечот. Честита победа на нашите момци.
Стартуваа следните 11-сетмина за ФК Вардар: Гачевски, Љамчевски, Грнчаров, Новак, Хамбарџумјан, Спировски, Велковски, Асани, Дашјан, П. Петковски, Стојков.
фото:фквардар.мк