Вчера се одигра еден натпревар во рамките на третото коло во групата Б на лигата на Шампионите, каде настапува и нашиот ракометен шампион. Во Сап арената во Манхајм, екипите на Рајн-некар и Киелце одиграа нерешено (32:32) и ги поделија бодовите. Иако бундеслигашот на три минути пред крајот имаше два гола позитива и напад за зголемување на водството, сепак Полскиот првак успеаа некако да се извлече и да освои еден бод од ова тешко гостување. Во првото полувреме, екипите постојано се менуваа во водство. Килеце добро го започна дуелот, поведувајќи на почетокот со два голови разлика. Следеше подобра игра на домаќинот за преземање на предноста во своја корист. Следуваше израмнет период на двете страни, потоа Полјаците прават мала серија за повтрно да ги вратат оние два голови позитива. До крајот на првото полувреме, Рајн-некар прави комплетен пресврт, за на полувреме да замине со четири гола позитива 19:15.
Во вториот дел, воглавно Германците ја одржуваа предноста која ја стекнаа на крајот на првите 30 минути. Следуваше неизвесна завршница во која, Рајн Некар имаше можност да се одлепи на три гола позитива за мирен крај. Сепак промашија неклку чисти удари, на спротивната страна избраниците на Дуешебаев немилосрдно казнуваа, за конечни 32:32 во воведниот натпревар од третото коло.
Вардарци со победа во недела против Кристијанштад, имаат шанса да го заземат врвот на табелата во групната фаза и да бидат првиот тим со максимално освоени бодови, после првите три одиграни кола.
Табела во групата Б
1. Рајн Некар 5 (3)
2. Вардар 4 (2)
3. Киелце 3 (3)
4. Кристијаншад 2 (2)
5. Барселона 2 (2)
6. Пик Сегед 2 (2)
7. Монпелје 0 (2)
8. Киф Колдинг 0 (2)
Кристијанштад- Вардар ( 04.10. 16:30)
Пик Сегед- Барселона ( 04.10 17:00)
Монпелје- Киф Колдинг ( 04.10. 17:00)