Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Нова глупост на ФФМ! Попов предаден на дисциплинска бидејќи го навредил Илчо Ѓорѓиевски и ја потикнуал публиката на исто
Нова глупост на ФФМ! Попов предаден на дисциплинска бидејќи го навредил Илчо Ѓорѓиевски и ја потикнуал публиката на исто

Нова глупост на ФФМ! Попов предаден на дисциплинска бидејќи го навредил Илчо Ѓорѓиевски и ја потикнуал публиката на исто

На идиотските одлуки и постапки на ФФМ им нема крај. Новата глупост во непрекидата серија е оваа од денеска со поведувањето на две дисциплински постапки против црвено – црните.

Горан Попов треба да даде изјава во наредните три дена бидејќи ФФМ го терети дека додека се доделувале медалите го истурил својот бес на претседателот на фудбалската федераија Илчо Ѓоргиевски, а воедно ја потикнуал и публиката да го стори истото. Втората пријава е за Комитите бидејќи го навредиле “ликот и делото“ на претседателот на ФФМ и самата федерација со скандирање кое малтене го прифати целиот стадион. За навивачите беше јасно дека не се организирани од ФК Вардар бидејќи клубот се дистанцираше од нив, а воедно и ФФМ беше организатор на супер-куп дуелот така да апсолутно никаква кривица нема во ФК Вардар. Треба да се додаде тоа и дека денес ФФМ го казни драконски мексиканецот член на црвено-црните Ромеро со суспензија од четири меча за црен картон.