Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > “Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар убедливи на гостувањето во Тетово
“Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар убедливи на гостувањето во Тетово

“Петарда“ во мрежата на Ренова, пионерите на ФК Вардар убедливи на гостувањето во Тетово

Пионерите на ФК Вардар ги совладаа врсниците од Ренова, на денешниот натпревар, кој се одигра во Тетово, во рамките на заостанатото 19 коло. Црвено-црните беа убедливи со резултат 1:5.

Вардар: Андов, Ѓурковски, Димоски, Митревски, Манасиевски, Бојковски, Речица, Илиевски, Игнатов, Ибиши, Туша.

На клупата за резервни играчи беа: Станковски, Цури, Мирчевски, Спировски, Николов, Ристовски, Андоновски.

Уште во 4 минута од мечот успеавме да го отвориме резултат, кога водство на Вардар од 0:1 му донесе Џемал Ибиши. Одлично игравме на овој меч, имавме целосна иницијатива и создадоме голем број на шанси. Следната која ја реализиравме беше во 35 минута и тоа со вториот гол на Ибиши, за веќе водство од 0:2. Не помина ниту една минута, во следната акција избраниците на Петар Ѓорѓиески успеваат да го зголемат резултатот на 0:3 со првиот гол денес на Туша Ветон. Со овој резултат се замина на полувреме.

Иако имавме високо водство продолживме со офанзивна игра и во вториот дел. Во листата на стрелци се запишува и Леонид Игнатов, кој во 43 минута му донесе предност на Вардар од 0:4. До крајот на мечот беа постигнати уште два гола. Најпрво почесен гол за намалување на резултатот на 1:4 постигна домашниот тим, за конечниот резултат од 1:5 да го постави Харбин Речица.