Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар и Акад. Пандев одиграа со нерешен резултат, на турнирот “Скопје куп„
Пионерите на ФК Вардар и Акад. Пандев одиграа со нерешен резултат, на турнирот “Скопје куп„

Пионерите на ФК Вардар и Акад. Пандев одиграа со нерешен резултат, на турнирот “Скопје куп„

Интересен натпревар во рамките на третото коло од “Скопје куп„, одиграа пионерските екипи на Вардар и Академија Пандев. Во еден интересен натпревар, на крајот двете екипи ги поделија бодовите. Конечниот резултат на мечот гласеше 1:1.

Тренерот Тодоровски се одлучи за следниве 11-сетмина: Андов, Астарџиев, Антовски, Наумчески, Манасиевски, Радевски, Дарлишта, Димоски, Ибиши, Али, Николов.

Вардар има за што да жали на овој натпревар, бидејќи речиси до последните моменти од мечот имаше водство. По првото полувреме резултатот беше 0:0. Во вториот дел со погодокот на Мартин Спировски го отворивме резултатот на 1:0, додека во последните минути од мечот примивме гол, за израмнување на резултатот на 1:1.

Вардар има една победа, нерешен резултат и пораз, на три одиграни натпревари во групната фаза. Се чека исходот од мечот Пелистер-Сесвете, за да се знае кои две екипи ќе играат во полуфиналето на турнирот.