Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар замина за Крањска Гора
РК Вардар замина за Крањска Гора

РК Вардар замина за Крањска Гора

По одработување на првата фаза во  Скопје која траеше речиси една седминца, момците  на европскиот првак РК Вардар заминуваат за Словенија. Тие во втората етапа  ќе се подготвуваат на Крањска Гора. На висински подготовки отпатуваа 20 ракометари, што ги има на располагање тренерот Раул Гонзалес.

Нови играчи сезонава се Даинис Криштопанс, и плус уште тројца вардарци што доаѓаат од тимот на Вардар јуниор, голманот Даниел Ѓорѓески, бекот Тоше Ончев и крилото Мартин Поповски. До 11 август екипата останува во Словенија, а потоа се заминува за Германија и таму ќе го имаат првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер, потоа  нашиот тим ќе игра на турнир на Гумерзбах, и во полуфиналето на 12 август се среќаваме со Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман. Од  24 до 29 август ќе бидеме во Доха, Катар каде ќе играме на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.