Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ФОТО) Избраниците на Рап-Тап поразени од повозрасниот тим на Кул, на контролен дуел одигран на Локомотива
(ФОТО) Избраниците на Рап-Тап поразени од повозрасниот тим на Кул, на контролен дуел одигран на Локомотива

(ФОТО) Избраниците на Рап-Тап поразени од повозрасниот тим на Кул, на контролен дуел одигран на Локомотива

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар денес беа активни со одигрување на пријателски натпревар. Избраниците на Сашо Тодоровски денес гостуваа на теренот „Локомотива“ кај екипата на Кул, се работеше за генерација 2003 на овој тим.

На крајот возраста дојде до израз, па кадетите на Ку забележаа победа со резултат 4:2, иако ние бевме екипата која по првото полувреме имаше минимална предност од 0:1. Пред да го постигнеме голот, имавме добра прилика, во акција се најде Стефан Стојановски кој додаде до Никола Анчевски, кој во завршниот удар шутираше за малку крај голот на Кул. Сепак, Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе, со погодокот на Стефан Стојановски.

1 3

На стартот на вториот дел, противникот направи резултатски пресврт и поведе со 2:1. Ние одговоривме преку Никола Величковски кој погоди од корнер, после нафрлена топка од Курти. Сепак, Кул постигна нови два гола и забележа победа. При негатива од 3:2, Ѓорѓи Дошев имаше прилика да го израмни резултатот, но немаше среќа кога со удар од 25 метри ја погоди стативата од противничкиот гол. Шанса имаше и Игор Јаневски, која остана неискористена.

4 5

ФК Вардар: Ангелов, Јаневски, Стоимов, Анчевски, Ивановски, Каровски, Хајдари, Здравковски, Љушев, Ибраим и Стојановски.

Шанса добија уште и Дошев, Цветков, Мишевски, Величковски, Курти, Апостоловски.