Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов се врати на тренинзите, капитенот патува за Брест
Стоилов се врати на тренинзите, капитенот патува за Брест

Стоилов се врати на тренинзите, капитенот патува за Брест

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов се врати на тренинзите и ќе биде во конкуренција за настап на дуелот против екипата на Брест Мешков.

Стоилов испадна позитивен на корона вирусот, па беше принуден да го пропушти реванш мечот од 1/4 финалето против екипата на Нексе, како и завршниот турнир во СЕХА-лигата, на кој Вардар го освои второто место.

Денес Стоилов се појави на тренинзите на Вардар и дефинитивно ќе патува за Брест, каде црвено-црните го очекува меч од Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков.

Ова се секако добри вести за Вардар, со оглед дека Стоилов е незаменлив дел од тимот, а неговото присуство е само дополнителна мотивација за екипата.