Денес на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче се одигра полуфиналето на турнирот, “Скопје куп„ кај генерацијата родени 2001 година, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Финалистот беше решен дури по изведување на удари од белата точка, откако во регуланиот дел мечот заврши без голови.
Тренерот Тодоровски започна со следниве 11-сетмина: Рамадани, Ѓорѓиески, Радевски, Пешевски, Адем, Димоски, Ристовски, Илиевски, Благојевиќ, Антовски, Мартин Спировски.
Првиот удар кон еден од головите го имаше Марио Илиевски, кој биеше само во рацете на добро поставениот голман на Шкендија. Во следнииот период, противникот беше поконкретен што се однесува до бројот на упатени уари, но ништо посериозно кон нашиот гол, сепак нашиот голман Рамадани беше сигурен и не дозволи изненадување. Што се однесува до најголемата шанса во првото полувреме, неа ја имаше Милан Благојевиќ од редовите на Вардар, кој доби топка од капитенот Ристовски, но неговиот удар го брани голманот на Шкендија.
Се играше воглавно по средината на теренот, а топлото време им создавеше проблем и на двете екипи. За одбележување до крајот на првото полувреме е ударот на Давид Ристовски, кој заврши покрај противничкиот гол. По првото полувреме резултатот остана оној почетниот 0:0.
На почетокот на вториот дел се обиде Али Адем, но неговиот удар високо над голот на Шкендија. Вратија и Тетовчани, но без голема опасност за Рамадани. Двете екипи беа претпазливи во своите обиди, бидејќи гол во една од мрежите ќе значеше финале за една од екипите. Беа направени и неколку измени во нашите редови да се освежи играта и да се направи поконкретна акција за погодок. Сепак во регуларниот дел немаше победник и мечот заврши со почетните 0:0. Веднаш се пристапи кон изведување на удари од белата точка, кој ќе го реши патникот во финалето.
По изведување на удари од белата точка, славевме со резултат од 5:4. Јунак е голманот Рамадани, кој одбрани два удари на Шкендија. Во редовите на Вардар погодија, Ѓорѓиески, Антовски, Ибиши, Димоски и Николов. Единствено кој промаши беше Али Адем и тоа уште во првата серија.
Во игра влегоа уште Ибиши, Астарџиев, Игнатов, Бојковски, Хасановиќ, Николов.
Утре во големото финале ќе играме со екипата на Сесвете, која денес беше подобра од Победа од Прилеп.