Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар заминаа на турнир во Бугарија, познати играчите кои ќе ги бранат црвено-црните бои
Пионерите на ФК Вардар заминаа на турнир во Бугарија, познати играчите кои ќе ги бранат црвено-црните бои

Пионерите на ФК Вардар заминаа на турнир во Бугарија, познати играчите кои ќе ги бранат црвено-црните бои

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа за Бугарија, каде од утре ги започнуваат настапите на меѓународниот турнир “Христо Бонев“.

На турнирот учество ќе земат вкупно осум екипи поделени во две групи. Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на ЦСКА Софија, Лудогоретц Разград и Стеауа Букурешт. Во групата А ќе се натпреваруваат екипите на Локомотив Пловдив, Ванкувер Олимпик, Славија Софија и Будуќност од Подгорица.

Тренерот на оваа генерација, Драган Стефановски-Гаге на турнирот ги понесе следниве играчи: Лука Стојковски, Гоце Јовчев ( голмани), Дарко Трпезановски, Филип Ѓоргоски, Филип Ѓорѓиевски, Алек Сељанац, Грегори Давков, Дамјан Марковски, Никола Петковски, Петар Давидовски, Петре Тасевски, Антонио Мирков, Андреј Стојчевски, Славче Живков, Алек Саит, Георг Стојановски, Лео Андрески, Сулејман Исмаиљи. Тренер на голмани: Мане Манев.

Настапите на турнирот ги започнуваме во текот на утрешниот ден, прв противник е екипата на ЦСКА Софија.