Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Без предност во реваншот на Железара, пионерите на Вардар и Металург одиграа 0:0 на првиот 1/2 меч во купот
Без предност во реваншот на Железара, пионерите на Вардар и Металург одиграа 0:0 на првиот 1/2 меч во купот

Без предност во реваншот на Железара, пионерите на Вардар и Металург одиграа 0:0 на првиот 1/2 меч во купот

Денес на теренот во Марино се одигра првиот полуфинален меч во рамките на националниот куп, помеѓу пионерските фудбалски екипи на Вардар и Металург. Двете екипи ќе го започнат реваншот на Железарница без предност, откако одиграа со почетниот резултат 0:0.

Треба да се напомене дека се играше еден цврст натпревар со борба на двете страни. Играта беше сведена главно на средината на теренот. Двете екипи имаа свои минути на доминација и шанси, сепак мрежите останаа незатресени. Во второто полувреме на голот застана Мето Велковски кој го замени повредениот Бојан Тимевски. Нашиот чувар Велковски успеа да одбрани неколку добри шанси на противникот. Црвено-црните имаа неколку зицер прилики да го отворат резултатот и со предност на патуваат на реваншот, сепак можеби среќата во тие моменти не ни беше наклонета. Отворен резултат кој дава шанси за екипите на Вардар и Металург да се најдат во посакуваното финале од купот на Македонија.

ФК Вардар: Тимевски, Рамиќ, Ѓорѓиески, Трајковски, Петковски, Адем, Пешевски, Бериша, Дардлиша, Битиќи, Ѓорѓиевски.