Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > В четврток ново дружење со ракометарките и ракометарите на Вардар
В четврток ново дружење со ракометарките и ракометарите на Вардар

В четврток ново дружење со ракометарките и ракометарите на Вардар

Управите на РК и ЖРК Вардар прават уште еден одличен потег за сите верни вардарови навивачи. В четврток сите вљубеници на црвено – црните бои и на своите идоли, ќе можат заедно со нив одблиску да се фотографираат, добијат автограм, па и некој дрес од Вардар. Дружењето ќе биде в четврток, од 12:30 до 13:30 часот, на плоштад „Македонија”

Од официјалниот сајт на ЖРК Вардар се вели:
Сите љубители на ракометот и поддржувачи на црвено-црните ќе имаат можност да се запознааат со нашите играчи, да поразговараат со нив, да им постават прашање и секако, да се фотографираат и да добијат автограми.

Вардар подготви и посебно изненадување за сите кои имаат ракометни афинитети. Натпреварувајте се, постигнете гол и добијте вредни награди и многу повеќе.

Целата дружба ќе претставува заедничко загревање за спектаклот на кој сите му се радуваме, натпреварот против Висла Плоцк в сабота во 18:00 часот, на кој Вардар ќе атакува на победа и пласман во четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите.