Пионерите на Фк Вардар родени 1999 година ќе земат учество на силен меѓународен турнир во БиХ. Минатата година на истиов “Турнир на пријателство“ учествуваа и помладите пионери, односно генерација 2000. Турнирот ќе се игра во периодот од 19-24-ти мај, а Вардаровите фудбалери ќе бидат во група заедно со екипите на Партизан(Србија), Железничар(Бих) и тимот на Олимпија(Словенија). Ќе има четири групи составени од по четири екипи.
Својот прв меч црвено-црните ќе го одиграат на 19-ти против екипата на Партизан. Следниот ден следува дуел со Олимпија и во последното коло силите ќе ги одмериме со Железничар. Турнирот ќе го пренесуваат каналите Арена Спорт, каде ќе можеме да ги погледнеме на некој меч и нашите млади надежи.