Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар како Шампион на купот обезбеди место во европскиот НБЦ куп во Австрија, но..

КУГЛАЊЕ! Вардар како Шампион на купот обезбеди место во европскиот НБЦ куп во Австрија, но..

Викендов како што ви донесовме Кугларскиот клуб Вардар го освои својот прв трофеј во Македонското куглање . Црвено-црните беа шампиони на “Претседателскиот куп-2015“ кој се одржа во кугларницата Мусандра . На истиот Вардар во конкуренција на сите 8 Македонски кугларски екипи имаше најдобар резултат.

Вардаровите момци имаа вкупен резултат од 3407 соборени “дрва“ односно 34 повеќе од второпласираните . Како поединци најдобар резултат имаа: Младен Младенов 601 соборено “дрво“, Димитар Димитров 598 соборени “дрва“ и Бојан Влаќевски 583 соборени “дрва“ . Зад црвено-црните на втората позиција се најдоа тимот на ГТЦ со 3373 соборени “дрва“ и трето пласиран беше тимот на актуелниот шампион во Македонската кугларска лига КК Макпетрол со соборени 3288 “дрва“. Купот се одржа на принцип на турнир на кој настапија по 6 натпреварувачи од секоја екипа.

Пехарот за Шампион во Купот и за вицешампион во лигата кој им ги додели федерацијата на КК Вардар!

Пехарот за Шампион во Купот и за вицешампион во лигата кој им ги додели федерацијата на КК Вардар!

Вардар ја оствари својата цел годинава стана Шампион во купот , вице-шампион на земјава и му пркоси на тимот кој долго владее со македонскот куглање КК Макпетрол кој во третото соочување му го нанесе конечно првиот пораз. На саботната манифеставија беше доделен на КК Вардар пехарот за Купот и за вицешампионското место во земјава.

Со победата и освојување на Македонскиот кугларски куп тимот на нашиот Вардар се здоби веќе во првата година од постоењето во ваков формат во Македонското куглање со шанса да ја преставува Република Македонија во европски рамки. Шампионот на купот ќе се натпреварува во европскиот “НБЦ куп “-кој годинава ќе се одигра во Австрија .

Но да напоменеме за реализација на учеството на истиот треба да се завршат одредени обврски кој Македонската кугларска федерација ги има кон европската куќа на куглањето .