ФК Вардар го доживеа вториот пролетен пораз повторно со екипата на Шкендија Тетово. Како и во првиот дуел во Куманово и на овој во Кичево тетовските црвено-црни ја однесоа победата.Во еден монотон меч без многу шанси едниствениот гол за домаќинот Шкендија стрелаше Абдула во 82 минута од мечот . Вардар е на 3 бода предност во однос на Романтичарите на две кола до крајот следен меч и трета шанса да се завери титулата е во сабота со Ренова. Овој меч како што вчера ве известивме ќе се игра без публика на Арената Филип втори со почеток во 16-30часот.
За ФК Вардар на меч во Кичево настапија следните : Пачовски, Попов, Бојовиќ, Грнчаров, Грозданоски, Глигоров, Спировски, П.Петковски /од 62 минута Ивановски/, Ибричиќ, Асани /од 69 минута Љамчевски/, Блажевски.
Видео од овој меч може да го погледнете – ТУКА
фото:фквардар.мк