Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар ќе учествува на турнир “Букурешт трофеј“
Жрк Вардар ќе учествува на турнир “Букурешт трофеј“

Жрк Вардар ќе учествува на турнир “Букурешт трофеј“

Сеуште не е завршена оваа сезона, а веќе тимот на Жрк Вардар полека го зацртуваат планот за подготовките во новата сезона. Веќе е потврдено учество на силниот меѓународен турнир во Романија “Букурешт трофеј“. Овој турнир ќе се игра во периодот од 20-23-ти август. Покрај Вардарки, ќе учествуваат уште и Европскиот првак(Будуќност), домаќинот(ЦСМ Букурешт), тимот од Русија(Ростов Дон) и екипата на Корона Брашов.

Минатата година овој турнир го освои тимот на ЦСМ Букурешт кој во финалето беше поуспешен од Црнагорскиот првак, екипата на Будуќност. Исто така и Ростов беше дел од турниров минатата година. Се надеваме дека нашиот тим ќе има уште вакви силни подготвителни настапи со силни противници.