Thursday ,25 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

ПИОНЕРИТЕ НА ФК ВАРДАР СЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се нови шампиони на Македонија. Денес се одигра последното 22 првенствено коло, на кое нашите млади надежи гостуваа во Куманово на екипата на Милано. Во пресрет на ова последно коло имавме еден бод предност пред второпласираниот тим на Шкупи, затоа и ни беше потребен триумф од ова гостување. Избраниците на Сашо Тодоровски не дозволија да им побегне титулата во последниот меч и денес убедливо ја совладаа екипата на Милано. Конечниот резултат гласеше 2:6. Марко Ѓорѓиевски постигна хет-трик. По еден гол беа дело на капитенот Рамиќ, Саит Битиќи и Милан Благојевиќ.

Вардарци започнаа со следниов состав: Зибери, Петковски, Каркалашев, Ѓорѓиески, Рамиќ, Дарлишта, Ристовски, Ѓорѓиевски, Бериша, Битиќи и Пешевски.

Уште на полувреме ги решивме сите дилеми околу конечниот победник на овој меч, кога црвено-црните имаа убедливо водство од 1:5. Повеќе од заслужен триумф за Вардар, кој имаше доминација во текот на целиот меч и контрола на играта. Уште во 7 минута со погодокот на Битиќи успеавме да го отвориме резултатот на овој меч за водсто од 0:1. Само четири минути подоцна од белата точка успешно стрела капитенот Рамиќ за предност од 2:0. До крајот на првиот дел три последователни гола за Марко Ѓорѓиевски и тоа во 15,28 и 38 минута од мечот. Во 20 минута Милано постигна гол, за намалување на 1:3. Во вториот дел уште по еден погодок на двете страни, за конечни 1:6. Милано намалува во 58 минута на 2:5, додека конечните 2:6 беа дело на Благојевиќ во 72 минута.

13244652_1030889026957943_8678136897322949330_n

Така пионерите се единствената Вардарова генерација која успеа да ги обедини два трофеи. Честитки за тренерот Сашо Тодоровски и целата екипа. Со вкупно 53 освоени бодови успеавме да го совои првенството. Црвено-црните имаа 17 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази.

vardarfans sampioni (2)