Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери на ФК Вардар победија и до среда ќе бидат на првото место
Пом. пионери на ФК Вардар победија и до среда ќе бидат на првото место

Пом. пионери на ФК Вардар победија и до среда ќе бидат на првото место

Денес се одигра последното 22 коло во првенството на младинските фудбалски категории, за пионерските екипи. Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар забележаа триумф на гостувањето во Куманово, против врсниците од Милано. Победникот на овој меч беше решен во второто полувреме, кога беа постигнати сите голови. Конечниот резултат гласеше 4:0

Поведовме со погодоците на Ибрахим Ариф и тоа во 52 и 66 минута, додека до крајот на мечот уште два пати ја тресевме противничката мрежа. Најпрво во 75 минута Марио Асенов зголеми на 0:3, додека конечните 0:4 на овој меч ги постави Мартин Спировски.

Со овој меч заврши и сезоната за помладите пионери, кои во среда го очекуваат епилогот од натпреварот помеѓу екипите на Ренова и Работнички. Сега Вардарци имаат два бода повеќе од Работнички, но и натпревар помалку за противникот.