Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар победија на два подготвителни натпревари
Пионерите на Фк Вардар победија на два подготвителни натпревари

Пионерите на Фк Вардар победија на два подготвителни натпревари

Пионерите на Фк Вардар напорно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона. Припремите ги започнаа на 15-ти јули, каде тренираат на теренот на Локомотива. Ова е всушност екипата која настапуваше под името “помлади пионери“ минатата сезона. Екипата претрпе мали измени во играчкиот кадар. Дел од тимот не се веќе најдобриот стрелец Марко Ѓоргиевски, кој ја заврши претходната сезона со 38 постигнати голови и Јакуп Бериша. Овие двајца играчи сепак остануваат во Вардар и ќе настапуваат за генерацијата “кадети“. Нов играч е Александар Ѓоргиоски. Сашо Тодоровски останува тренер на овој тим.

Вчера и денеска оваа категорија имаше можност да одигра два пријателски натпревари. Најпрво беше убедливо совладана со резултат 8:1, генерацијата на Вардар родени 2001. Денес играа со екипата на Форца и повторно победија. Конечниот резултат беше 4:1 за нашите момци. Стрелци на головите во денешниот триумф беа: Иван Петровски, Александар Ѓоргиоски, Кренарт Дардиша и Драган Димитровски. Во четврток пионерите заминуваат за Дојран, каде ќе продолжат со подготовките се до почетокот на претстојната сезона.