Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македа слета во Скопје, Циндриќ, Марсениќ и Деревен пристигнаа порано
Македа слета во Скопје, Циндриќ, Марсениќ и Деревен пристигнаа порано

Македа слета во Скопје, Циндриќ, Марсениќ и Деревен пристигнаа порано

Шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа ноќеска околу полноќ слета во Скопје и го комплетираше пристигнувањето на странските засилувања за црвено-црните. Македа е големо засилување за Вардар, кој доаѓа од екипата на Нант. Се работи за играч кој игра добро во двата правци, напад-одбрана. Веќе неколку дена, тука се и останатите играчи кои го засилија клубот за претстојната сезона. Александер Деревен Мијајло Марсениќ и Лука Циндриќ порано пристигнаа и веќе се запознаа со останатите играчи на Вардар. Секако тука е и Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој дојде од германската бундес лига.

Дали ќе има претставување на играчите од страна на клубот, ќе видиме во текот на денот. Веќе утре, екипата треба да го одржи првиот тренинг во С.Ц. Јане Сандански. Утринскиот е закажан за почеток од 10 часот, а попладневниот за 18:00 часот. На двата тренинга, ќе има можност да се присуствува и да се видат новите засилувања за нашиот шампион.