Младинската репрезентација вечерва го игра последното коло од групната фаза, на Европското првенство во Валенсија. Противник ни е селекцијата на Русија и само победа од овој дуел, ќе значи пласман во следната рунда за нашите девојки. Во претходните две кола, остваривме една победа(Литванија) и еден пораз(Германија) и на табелата се наоѓаме на третото место. Избраничките на Симе Симовски во пријатна и добра атмосфера го очекуваат вечерашниот решавачки дуел.
Што и да се случи, важно е дека девојките не не разочараа и покажаа борбеност и квалитет на претходните два натпревари. Мечот со Русија е закажан да се игра од 21 часот.
Натпреварот можете да го проследите на линкот ТУКА