Можеби најдобриот натпревар и најдоброто навивање за изминатата сезона, беше натпреварот на Рк Вардар во 1/8 од лигата на шампионите против Висла Плоцк. Сите се сеќаваме на овој возвратен дуел од 1/8 рунда кога требаше да анулираме минус шест гола, од првиот дуел одигран во Полска. Со поддршката од Комити и останатата публика во спортскиот центар Ј.Сандански успеавме да ја надокнадиме оваа негатива и на крај да забележиме убедлив триумф, изразен во единаесет гола позитива. Атмосферата беше на едно високо ниво во текот на целиот меч, а Комити покажаа дека се најдобрата ракометна публика во Европа.
Погледнете дел од бучната атмосфера на тој натпревар.