Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар подобар од Љубанци 2:1
Вардар подобар од Љубанци 2:1

Вардар подобар од Љубанци 2:1

„Тренинг центар на Ф.К. Вардар“ во н. Аеродром. Гледачи: 500.

Стрелец: 1-0 Стојчевски а.г. 56′, 2-0 Хамбарџумјан 70′, 2-1 Стојчевски 80′

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски (46′ Хамбарџумјан), Велкоски (46′ Мијушковиќ), Најдоски (46′ Грнчаров), Глишиќ (46′ Љамчевски), Николов (46′ Глигоров), Спировски (46′ Велковски), Стојков (46′ Дашјан), П. Петковски (24′ Ф. Петковски) (46′ Фелипе), Асани (46′ Дашјан), Милиќ (46′ Ивановски), Стојков (46′ Фелипе).

ЉУБАНЦИ: Ристовски, Галовиќ, Бојовиќ (Блажев), Стојчевски, Насевски (Недевски), Стојанов (Фидановски), Колеќески (Апостоловски), Серафимовски, Чешмеџиев, Стојановски, Иванов (Митрев).

Во пријателски натпревар одигран попладнево, Вардар го совлада второлигашот Љубанци со резултат 2:1. Автоголот на Стојан Стојчевски и погодокот со глава Хамбарџумјан го донесоа триумфот, а резултатот беше намален преку Стојчевски кој стрелаше во двете мрежи на овој натпревар.

Првиот дел заврши без голови, иако Вардарци неколку пати се заканија. Ударите на Стојков и на Спировски не завршија во мрежата, а кон нашиот гол се закани Иванов, меѓутоа Гачевски успеа да одбрани.

На стартот од вториот дел најпрво шанса на Вардар преку Фелипе кој одлично шутираше во аголот, меѓутоа одбрани Ристовски во корнер. Се играше 56 минута кога Дашјан од лево упати остар центаршут на петерецот, а Стојчевски во обид да ја расчисти опасноста си ја затресе сопствената мрежа. Во 70 минута од корнер центрираше Фелипе, а Хамбарџумјан со глава успеа да ја спроведе топката во голот за водство од 2:0 на Вардар. Десет минути подоцна стрелецот на автоголот Стојчевски погоди и во мрежата на Гачевски за 2:1, резултат кој остана и до крајот на мечот.

Текстот е превземен од fkvardar.mk
Фото: Кочо Сотировски