Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар со победа на гостувањето во Битола, го заокружија успешното коло за Вардаровите генерации во дуелите со екипата на Пелистер. Црвено-црните победија со резултат 1:2. Стрелци на головите за Вардар беа Марко Ѓоргиевски и Саит Битиќи.
Ваардарци имаа предност по првото полувреме од 0:1, со голот на новото засилување Саит Битиќи кој влегува во голгетерска серија. Во вториот дел по уште еден погодок на двете страни за конечни 1:2. Најпрво домаќинот успеаа да израмни на 1:1. Сепак Марко Ѓоргиевски постигна важен гол за вредни три бода во борбата за титулата. Успешен ден за сите Вардарови генерации кои успеаа да забележат победи во дуелите со своите врсници од Пелистер.
На овој натпревар тренерот Сашо Тодоровски се одлучи за следниов состав: Велковски, Рамиќ, Ѓорѓиески, Трајковски, Петковски, Адем, Пешевски, Бериша, Дардлиша, Битиќи, Ѓорѓиевски.