Немаше многу време за одмор за пионерите на Фк Вардар. Вчера пристигнаа во Скопје, откако претходно учествуваа на “турнирот на пријателство“ кој се игра во БиХ. Денес го одиграа својот меч од 18 коло, каде противник им беа врсниците од Милано. Црвено-црните забележаа минимална победа од 1:0. Натпреварот се играше на теренот на Локомотива, а стрелец на единствениот гол беше капитенот Дејан Маркоски.
Се беше решено кон крајот на првото полувреме, кога беше постигнат и единствениот гол на овој дуел. Со овој триумф, оваа генерација успеа да поврзе две победи по ред во првенсвото. Во претходното коло, беа подобри од екипата на Ренова. Следен меч за пионерите, е против екипата на Турново во Струмица.