Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите загубија и пропуштија шанса да се најдат на првото место
Пионерите загубија и пропуштија шанса да се најдат на првото место

Пионерите загубија и пропуштија шанса да се најдат на првото место

Во рамките на 10 коло во првенството на младинските фудбалски категории, пионерите на Фк Вардар доживеаа пораз на гостувањето кај екипата на Ренова. Оваа генерација беше единствената која доживеа неуспех во дуелите против со овој противник. Конечниот резултат гласеше 2:0.

Пионерите пропуштија голема шанса со победа да се најдат на првото место на табелата во лигата. По првото полувреме имавме исто така негатива (1:0). Вардарци имаа неколку шанси да постигнат погодок, но за жал не ги искористија. Мечот се одигра на теренот во с. Камењане. Стрелци на головите за домаќинот беа Сулејмани и Рамадани. Во последното 11 коло од есенскиот дел на домашен терен го пречекуваме тимот на Милано, кој се наоѓа на петтото место на табелата.

Лидери после првите десет одиграни натпревари се екипите на Шкупи и Шкендија, кои имаат по 23 бодови. Вардар се наоѓа на третото место со само еден бод помалку 22. Црвено-црните не успеаа да ги искористат киксовите на првите две пласирани екипи, кои одиграа само нерешено 1:1 во дуелите со своите противници. Шкупи против Пелистер изненадувачки одигра 1:1, со истиов резултат заврши мечот помеѓу Еуромилк и Шкендија.

Фк Вардар: Тимевски, Спасиќ, Петкоски, Караклашев, Рамиќ, Дарлишта, Ѓоргиески, Ѓоргиевски, Ристовски, Бериша, Пешевски.