Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуелот на “гигантите“ Вардар и Веспрем, со директен пренос на МРТ-1
Дуелот на “гигантите“ Вардар и Веспрем, со директен пренос на МРТ-1

Дуелот на “гигантите“ Вардар и Веспрем, со директен пренос на МРТ-1

Денес продолжуваат настапите за нашиот ракометен шампион во рамките на сеха-натпреварувањето. После серијата на мечеви во ЛШ и сеха-лигата, следеше мала пауза и одмор за нашите ракометари, но само за оние кои не беа дел од своите репрезентации на пријателските натпревари. Повторно се враќаме на терените, со дербито помеѓу гигантите на европската сцена, екипите на Вардар и Веспрем. Дуелот ќе се започне со почеток од 18 часот и истиот ќе можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1. Татран Прешов е прв во ова натпреварување со само еден пораз и седум победи. Веспрем е единствениот кој сеуште нема доживеано пораз, со шест победи од исто толку одиграни мечеви. Нашиот шампион има вкупно шест триумфа и два порази, оние против Загреб на гости и Брест Мешков, кој беше и прв неуспех во Ј. Сандански во оваа сезона.

Црвено-црните на ова гостување отпатуваа без голманот Ангелов и веќе подолго повредените Деревен и Стоилов. Сите други ракометари се на располагање на тренерот Гонзалес за овој дуел. Минатата сезона во сеха-лигата одигравме два меча, по една победа за двете екипи и тоа на своите арени. Во ЛШ се сретнавме два пати минатата година и на двата меча Веспрем беше подобар, иако оној во Скопје можеби беше најболен кога испуштивме во последните минути сигурна победа. За Унгарскиот првак не треба да се трошат многу зборови, оваа сезона сигурно се број еден конкурент за титулата во лигата на шампионите. Располагаат со многу квалитетни играчи, каде не е спортски да се издвои некој посебно. Дома речиси и да се непобедливи, но Вардар знае многу добро да одигра и на гостински терен. Тоа го покажавме преку настапите во најголемото ракометно натпреварување. Веспрем е актуелен првак во сеха-лигата и вицепрвак во ЛШ, додека црвено-црните се најуспешни во сеха-лигата со вкупно два трофеја. Не очекува голема борба на теренот и пред се квалитетен ракомет. Ова воедно ќе биде можност за проверка на формата, пред важниот дуел во лигата на шампиони, против Барселона, која е актуелен европски првак. Овој меч ќе се одигра во сабота на теренот на противникот.