Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на ФК Вардар загубија од Шкупи, пом.пионери освоија бод
Пионерите на ФК Вардар загубија од Шкупи, пом.пионери освоија бод

Пионерите на ФК Вардар загубија од Шкупи, пом.пионери освоија бод

Денес на теренот на Локомотива, пионерските екипи на ФК Вардар беа гости на екипата на Шкупи, во рамките 13.коло во младинските лиги.

Помладите пионери на Вардар одиграа без голови, во дуелот со екипата на Шкупи и на тој начин останаа непоразени и после одигрување на ова коло.

Вардар: Тасев, Павлески, Анчевски, Ричков, Хајдари, Љушев, Здравковски, Стоимов, Стојановски, Ибраим, Гуџуфи.

Во игра влегоа уште и Јаневски и Перковски.

Пионерите на Вардар го претрпеа и третиот пораз сезонава, откако денес загубија на гостувањето кај Шкупи. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:0. На полувреме, тимот од Чаир имаше водство од 1:0

Вардар: Јовчев, Трпезановски, Јовановски, Сељанац, Ѓоргоски, Стојчевски, Давидовски, Ѓорѓиевски, Мирков, Стојановски, Живков.