Денес во Тетово, натпреварите од 3.коло во младинските фудбалски лиги ги одиграа нашите пионерски екипи кои гостуваа кај екипата на Шкендија
Помладите пионери на ФК Вардар одиграа со резултат 1:1 на гостувањето кај екипата на Шкендија. По еден гол падна во двете полувремиња, за поделба на бодовите на дерби натпреварот од помладата пионерска Супер лига. Екипата на Шкендија беше прва која успеа да го отвори резултатот со гол во 7.минута од натпреварот, додека Вардар го израмни резултатот на 1:1 во 51.минута преку Нуман Ајетовиќ. Во 77 минута од натпреварот црвен картон доби Нурединовски, како и еден играч од редовите на Шкендија, поради неспортско однесување на теренот.
Вардар: Краљевски, Порчу (К), Величковски, Коловски, Николов, Ајетовиќ, Сековски, Николовски, Нурединовски, Лефковски и Јанкоски.
Играа уште и Цониќ и Анастасов.
Пионерите иако имаа предност од два гола на полувреме, сепак на крајот останаа без бодови, откако беа поразени со резултат 4:2. Се изгледаше добро за избраниците на Божиноски, кои на полувреме имаа предност од 0:2, со головите на Михаил Кузмановски во 5 и 29.минута од нарпреварот. Сепак во вториот дел од натпреварот дојде во пад на нашата игра, откако примивме дури четири голови во нашата мрежа. Пресвртот беше најавен по само три минути игра во вториот дел, кога домаќинот успеа да намали на 1:2, додека во 63 минута екипата на Шкендија го израмни резултатот и на 2:2. До крајот на натпреварот паднаа уште два нови голови во нашата мрежа. Истите се случија во 68 и 80.минута од натпреварот за конечни 4:2 на дерби натпреварот од пионерската Супер лига. Во 90 минута поради неспортско однесување црвен картон доби Зоран Фидановски.
Вардар: Филевски, Фидановски, Трајчевски, Кулуковски, Јакимовски, Цветков (К), Кузмановски, Цикарски, Спасиќ, Митревски и Алији.
Во игра влегоа и Илиевски, Туша, Уневски и Николовски.