Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар останаа без бодови, на дерби натпреварите со екипата на Шкендија
Кадетите и младинците на ФК Вардар останаа без бодови, на дерби натпреварите со екипата на Шкендија

Кадетите и младинците на ФК Вардар останаа без бодови, на дерби натпреварите со екипата на Шкендија

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, натпреварите од 3.првенствено коло ги одиграа нашите кадети и младинци. За жал не успеавме да освоиме бодови на дерби натпреварите со екипата на Шкендија.

Кадетите во дербито со Шкендија претрпеа пораз минимален со резултат 0:1. Имавме и ние свои шанси кои останаа неискористени, додека одлучувачкиот момент се случи во 31 минута кога гостите од Тетово погодија за предност од 0:1, резултат кој до крајот се покажа и како конечен на натпреварот. Ова беше трет последователен пораз сезонава за кадетите.

Вардар: Данстак, Тренкоски, Ивановски, Серафимов, Здравковски, Таневски, Ибраим, Анчевски, Величковски, Стојановски (К) и Јовановски.

Во игра влезе и Хубрев.

Ниту младинците не успеаа да стигнат до позитивен резултат, откако исто така беа поразени со идентичен резултат 0:1. Момците на Бабунски имаа свои шанси на денешниот натпревар, но екипата на Шкендија сепак беше поконкретна и на крајот успеа да ги освои бодовите. Филип Трајковски беше играчот кој прв се обиде на натпреварот, во противничкиот шеснаесетник се најде во шанса, биеше, но одбрани голманот на гостинската екипа.

1 2 3 4

Во првиот дел од натпреварот се заканивме и преку Славче Живков, кој после една акција со Здравковски, упати удар, но немаше реализација. Треба да се потенцира дека и гостите од Тетово имаа две добри шанси за отварање на резултатот. Во првиот обид одлично одбрани Јовчев, додека во втората прилика гостите ја погодија стативата од нашиот гол. До крајот на првиот дел шанса имаше и Здравковски Огнен, но резултат остана 0:0 и по 45 минути игра.

Гледавме офанзивен фудбал и во вториот дел од натпреварот, период во кој Шкендија сепак успеа со погодок во 71 минута да го отвори резултатот за 0:1. Ние се обидовме преку Нијаз Јусуфи, чиј удар го одбрани противничкиот чувар на мрежата, додека од слободен удар се обиде и Мирков, но без поголема опасност кон голот на гостите од Тетово.

5 6 7

Шкендија имаше голема прилика и за предност од два гола, но Марио Ричков спаси чист погодок откако извади топка од гол линијата во последен момент. На крајот ривалот славеше триумф со резултат 0:1, нанесувајќи му го на Вардар првиот пораз сезонава во младинската Супер лига.

Вардар: Јовчев, Трпезановски, Ричков, Ѓоргоски (К), Дошев, Мирков, Андрески, Здравковски, Јусуфи, Трајковски и Живков.

Играа уште и Хасани, Тасевски, Исмаиљи,