Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи доминантни во дуелите со екипата на Победа, црвено-црните со максимални шест бодови се враќаат од Прилеп
Пионерските екипи доминантни во дуелите со екипата на Победа, црвено-црните со максимални шест бодови се враќаат од Прилеп

Пионерските екипи доминантни во дуелите со екипата на Победа, црвено-црните со максимални шест бодови се враќаат од Прилеп

Пионерските екипи на ФК Вардар денес во Прилеп го одиграа одложеното прво првенствено коло. Имавме успешен настап со оглед дека победивме со двете екипи во дуелите со Победа од Прилеп.

Помладите пионери ја забележаа првата победа сезонава, откако беа подобри од прилепчани. Убедливо славеа избраниците на Сашо Тодоровски со конечен резултат од 0:3.Во 11 минута го отворивме резултатот на 0:1 со голот на Левент Ибраим, за во 20 минута Марио Ричков да зголеми на 0:2. Конечните 0:3 со својот втор гол денес во 73 минута ги постави Левент Ибраим. Противникот речиси и да не се закани кон нашиот гол, црвено-црните имаа целосна доминација и контрола на играта на овој дуел.

Вардар: Ангелов, Павлески, Ричков, Милошевски, Љушев, Јаневски, Хајдари, Здравковски, Идризи, Попов, Ибраим

Пионерите стигнаа и до втората последователна победа оваа сезона во рамките на пионерската супер лига. После убедливиот триумф во саботата против екипата на Шкендија, избраниците на Драган Стефановски денес на гостински терен ја совладаа и Победа. Црвено-црните триумфираа со 0:2, со по еден гол во двете полувремиња. Најпрво Антонио Мирков во 41 минута го отвори резултатот за 0:1, за во вториот дел конечните 0:2 да ги постави Георг Стојановски на шест минути пред крајот на мечот. Вардар не подлегна на притисоците од главниот судија на овој меч, кој имаше неколку чудни одлуки, меѓу другото му додели и црвен картон на стоперот Филип Ѓоргоски кој ќе го пропушти следниот меч против екипата на Пелистер.

Вардар: Стојковски, Давков, Ѓоргоски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Ѓеоргиевски, Стојчевски, Стојановски, Мирков, Живков.,