Ракометната федерација на Македонија го одреди Куманово како домаќин на ракометниот Супер Куп на Македонија. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар како актуелен освојувач на Супер Лигата и екипата на Металург која успеа да го освои Купот на Македонија, токму со триумф во дуелот со Вардар.
Мечот ќе се одигра на 18.септември со почеток од 20:30 часот, во истата сала каде се одигра и финалето на Купот. Вардар ќе има можност за прв трофеј во новата сезона, а дуелот доаѓа веднаш после гостувањето во Франција, на екипата на Монпелје, на отварање на новата сезона во Лигата на Шампионите.