Во саботата 10.првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Македонија Ѓ.П. Мечевите се одиграа на теренот на Академијата, а на истите имавме половичен успех од една победа и еден пораз.
Помладите пионери предводени од Филип Деспотовски се нови лидери во помладата пионерска супер лига. Триумфот во против Македонија Ѓ.П (5:0) не искачи на првото место на табелата. Вардар го искористи новиот “кикс„ на Победа која одигра со нерешен резултат (3:3) на гостувањето кај екипата на Академија Пандев и застана на чело на табелата. Само за потсетување пред две кола, прилепска Победа беше на првото место и имаше четири бода повеќе од вардарци, но поразот во средата од Шкендија и нерешениот резултат против А.Пандев ги симна од врвот на табелата. Вардар и Работнички имаат по 20 освоени бодови, но црвено-црните имаат подобра гол разлика, трета е Победа со 19, додека Шкендија и Брегалница им,аат по 16 освоени бодови.
Пионерите неочекувано го доживеаа првиот пораз сезонава и тоа од последнопласираниот на табелата, екипата на Македонија Ѓ.П, за која пак ова беше прв триумф. Ниту четири постигнати голови не беа доволни за бодови на овој дуел, избраниците на Кралевски примија дури пет голови во својата мрежа, за на крајот да бидат поразени. Вардар остана прв на табелата со 21 бод, но сега разлика со второпласираниот Работнички е само еден бод, откако тие славеа на домашен терен против екипата на Њу Старс. На третото место се наоѓа Академија Пандев која има 19 бодови, додека четврта е Шкендија со 17 освоени бодови.
Во следното 11 коло, двете пионерски екипи на Вардар ги очекуваат тешки гостувања против екипата на Шкендија.