Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинскиот тим на Вардар Јуниор поразен од КЛ7
Младинскиот тим на Вардар Јуниор поразен од КЛ7

Младинскиот тим на Вардар Јуниор поразен од КЛ7

Викендов младинците на Вардар Јуниор  гостувааа во Струга кај екипата на  КЛ7 Струга во дуел од младинската лига.  Домаќинот на оваа средба дојде до бодовите откако победи со резултат 26:20 (14:8). Ова е втор пораз  во лигата на младинците на Вардар Јуниор, кои пред овој меч имаа три победи во низа.

Избраниците на Стојан Петрушевски и  Пепи Манасков уште на почеток од натпреварот бркаа негатива. Домаќинот отвoри со 3-0, ние веднаш врзавме два погодоци во низа и дојдовме на минимални 3-2. Сепак од минута во минута КЛ-7 успеваше да ја подобрува предноста пред црвено-црниот младински тим.  На пауза заминавме со негатива од шест погодоци. На семафорот во салата “Нико Нестор“ во Струга стоеше  14:8 за домаќинот.

Во второто полувреме  одигравме порамноправно,  за жал предноста од првите 30.минути беше пресудна. На 12 погодоци на домаќинот во вториот период одговоривме со еднаков број на голови во нивната мрежа. На крајот бевме поразени со шесте гола негатива кои ги имавме и на полувремето, стружани триумфираа со резултат 26 : 20.