Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите повторно поразени, пом.пионери на ФК Вардар освоија голем бод на гостувањето кај Работнички
Пионерите повторно поразени, пом.пионери на ФК Вардар освоија голем бод на гостувањето кај Работнички

Пионерите повторно поразени, пом.пионери на ФК Вардар освоија голем бод на гостувањето кај Работнички

Утрово на теренот на Алумина, пионерските екипи на ФК Вардар гостуваа кај екипата на Работнички во рамките на 23.првенствено коло.

Помладите пионери освоија голем бод на гостувањето кај Работнички, играјќи со нерешен резултат 1:1. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0  во 14 минута од мечот. Сепак Вардар во вториот дел израмни, а погодокот беше дело на Лео Андрески во 69 минута од овој дуел, за поставување на конечните 1:1.

Вардар: Јовчев, Трпезановски, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Тасевски, Давидовски (c), Живков, Мирков, Андрески.

Во игра влегоа уште и Марковски и Лозановски.

На четири кола пред крајот на сезоната, Вардар има 7 бодови предност пред екипата на Победа, која во ова коло славеше на домашен терен во дуелот со екипата на Њу Старс.

Пионерите повторно разочараа, иако пред две кола изгледаше дека е на дофат титулата, после ова коло имаат само мала предност пред останатите конкуренти. Денес Работнички беше подобар и славеше со резултат 2:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а домашниот тим поведе со головите во 21 и 26.минута, додека Вардар во 42 минута намали со голот на Александар Ѓурковски, за резултат 2:1, кој на крајот се покажа и како конечен на овој дерби дуел од 23.коло.

Вардар: Величковски, Петејчук, Гугуљанов, Ѓурковски, Крстевски, Игнатов, Радуловиќ-Величковиќ, Омерагиќ (c), Речица, Салиу, Хасани.

Во игра влегоа уште и Трајановски Фазлиу. Вардар и после ова коло ќе остане на првото место, но само со еден бод повеќе од тимот на Академија Пандев која вчера славеше на гостувањето кај Брегалница, односно два бода повеќе од екипата на Работнички. За напомена до крајот на сезоната, црвено-црните треба да гостуваат во Струмица.