Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анти: Никогаш немаше да го предвидам резултатот на Вардар!
Анти: Никогаш немаше да го предвидам резултатот на Вардар!

Анти: Никогаш немаше да го предвидам резултатот на Вардар!

Тиери Анти, тренерот на француски Нант каде настапува и капитенот на Македонија Кирил Лазаров, зборуваше за чудните натпревари во 1/4 финалето. Анти исто како и многумина, е шокиран од резултатот на натпреварот во Полска, а потенцираше дека и резултатот на натпреварот во Скопје на Вардар никогаш немал да го предвиди.

„Лигата на шампионите е многу непредвидлива на секој дуел. Во четвртфиналето, сите мислат дека натпреварите ќе бидат непредвидливи и тесни. Но, во сите четири меча оваа година, имаме разлика како никогаш досега… и тоа не против било кого! Кој веруваше дека Келце ќе го победи доминантниот ПСЖ со десет голови разлика? Барселона против нас исто така покажа квалитет, седум гола разлика е премногу. Сите исто така зборуваат и за доминантната победа на Вардар над ПИК Сегед. Никогаш немаше да го предвидам резултатот на овој  дуел“, рече Анти.