Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пораз за помладите пионери на гостувањето во Охрид, пионерите освоија бод
Пораз за помладите пионери на гостувањето во Охрид, пионерите освоија бод

Пораз за помладите пионери на гостувањето во Охрид, пионерите освоија бод

Пораз за помладите, додека пионерите освоија само бод, на денешните натпревари од 5.коло во Супер Лигата.

Помладите пионери го претрпеа и вториот пораз сезонава, откако денес загубија на гостувањето кај екипата на ГФК Охрид Лихнидос. Едноставно, домаќинот ја искористи својата шанса кога во 23 минута погоди од белата точка преку Флориан, додека Вардар имаше неколку стопроцентни шанси кои за жал останаа нереализирани. На крајот конечни 1:0 и прв сезонски триумф за екипата од Охрид.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Алексеј Ивановски, Лука Атанасовски, Филип Смиљков, Марко Крстевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Емир Шаботиќ и Злате Радески.

Играа уште и Ненад Стојанчевски, Антонијо Крстевски, Михаил Димов, Гоце Трајчевски и Филип Дамевски.

Пионерите освоија само бод во соочувањето со врсниците од екипата на Охрид Лихнидос, иако од 6.минута домашната екипа играше со играч помалку, сепак тоа не беше доволно на крајот да ги освоиме трите бода. Се играше 13.минута кога после центар шут на Ајетовиќ, успеавме да го отвориме резултатот со голот на Марко Николовски кој ја погоди противничката мрежа. Сепак, во 26.минута домаќинот со погодок од слободен удар дело на Матески успеа да го израмни резултатот, дури можеше лесно и да направи резултатски пресврт после наша грешка, но Јанкоски за среќа спаси сигутен гол. До крајот на првиот дел избраниците на Герасимовски имаа иницијатива, но на одмор се замина со резултат 1:1.

Имавме поголем посед на топка и иницијатива и во вториот дел од натпреварот. Во 57.минута го вративме водството преку Драган Јанкоски, кој погоди со глава после нафрлена топка од корнер на Ајетовиќ, за резултат 1:2. Во 72.минута се изедначија силите на теренот, откако Лука Митрески заработи црвен картон, после една грешка го фаулираше противничкиот играч и доби директен црвен картон. Од слободен удар примивме и втор гол за нерешени 2:2, во 73 минута погоди Крлевски. До крајот се обидовме да ја вратиме предноста, но не успеавме, па натпреварот заврши со резултат 2:2.

Вардар: Максим Краљевски, Лука Митрески, Нуман Ајетовиќ, Александар Миовски, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Андреј Величковски, Михаил Танчев, Матеј Ѓорѓиевски и Хабиб Бектеши.

Играа уште и Мирза Хасиќ, Дамјан Алексовски и Ангел Брзаковски.