Денес со почеток од 16:00 часот, ракометната репрезентација на Македонија го игра вториот натпревар во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2024 година. Избраниците на Кирил Лазаров ќе гостуваат кај репрезентацијата на Турција.
За Турција отпатуваа Дејан Манасков, кој поради повреда го пропушти првиот натпревар, како и Мартин Томовски, кој не се најде во составот против Луксембург. Двајцата денес ќе бидат во составот за дуелот со Турција, додека во истиот ќе се најдат и Филип Талески и Гоце Георгиевски.
Македонија во првото коло убедливо го победи Луксембург, додека Турција беше поразена од Португалија.